Седлоски: Нашата цел е да ја елиминираме Данска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот селектор на Македонија, Гоце Седлоски е категоричен кога е во прашање целта со која Македонија допатува во Копенхаген на утрешниот натпревар против Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

„Веднаш да кажам дека Македонија е пред голем предизвик, пласман на Светско првенство. Тоа е сон на сите нас кои работиме во фудбалот во Македонија…Ги одбрав играчите кои се најзаслужни за овој пласман во баражот за Мундијал, и затоа се тука тие, и овој состав, во Копенхаген. Нормално, горд сум што и јас тука во овој бараж, но ќе повторам дека најзаслужни се играчите. И, нема што да калкулираме. Нашата цел со која дојдовме тука е да ја елиминираме Данска“ – истакна Седлоски на прес-конференцијата во Данска.

Селекторот, како што истакна, е презадоволен од начинот и односот на играчите изминативе денови на тренинзите во националниот тим.

„Видов изминативе денови на тренинзите дека постои огромен мотив за надигрување со тежок противник како Данска. И можам да кажам дека навистина сум изненаден за карактерот на овие момци кои покажуваат силна енергија на секој тренинг, и цврста решеност да остават срце на терен“ – рече Седлоски