Македонската фудбалска репрезентација ја очекува нов натпревар од Лига Нации, а во Скопје во рамки на Б1 групата гостува Шкотска. Ова е дуел од третото коло, а македонскиот тим по двата први дуели има два пораза Швајцарија (0:3) и Словенија (0:2).
На денешната прес-конференција селекторот Гоце Седлоски потенцираше:
– Критиките за натпреварите нека бидат упатени кон мене, а јас во договор со федерацијата ќе подмладувам. Поразите секако дека не годат, но фудбалерите заслужуваат поддршка, за сите момци кои се тука. Играме во Лигата Б, не е дека селекторот се вади, туку факт е дека националните тимови се подобри. Кога доаѓав, знаев каде влегувам и знаев со какви репрезентации се игра. Кога игравме и во Лигата Ц се мачевме и во нападот и со головите. Некои промени не може да се случат преку ноќ.
За утрешниот ривал Шкотска, која беше учесник на Светското првенство, но брзата елиминација и четири натпревари без постигнат гол прави притисок врз шкотскиот тим.
– Шкотска е репрезентација која игра со долги топки, во шеснаесетник. Не смееме да ја прифатиме нивната игра, туку да ја неутрализираме со наша реакција. Нивниот стил на игра ако го прифатиме, би било кобно.“, изјави Седлоски.
Натпреварот се игра во утре (сабота) со почеток од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Во вториот натпревар од групата играат Швајцарија и Словенија.
