Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19.
Оваа борба ја изгубија седум лица:
- Два пациенти од Скопје (89 и 79г)
- Два пациенти од Охрид (80 и 89г)
- Еден пациент од Гостивар (62г)
- Еден пациент од Струга (85г)
- Еден пациент од Пробиштип (70г).
Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354.
