Седум лица се тестираат за коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека во моментов се врши тестирање на седум лица за коронавирус.

Тој додава дека едно лице е странски државјанин, а другите шест лица се од Дебар. Од нив, четири лица имале директен контакт со претходно заболените.

Посочи дека непосредно пред прес конференција има уште две лица кои ќе се тестираат за коронавирус поради претходен престој во Шпанија.