Седум лица загинаа во вооружен напад што се случи во барот „Ла Касита Азул“, во општината Вилахермоса, во Мексико, соопшти државното обвинителство (ФГЕ) Табаска.
Бидејќи државните власти не го објавија нападот, не се познати официјалните податоци за загинатите во нападот што се случи во ноќта на 4 јануари, објави мексиканскиот портал Infobae.
ФГЕ прецизира дека во нападот се повредени пет лица.
Иако идентитетот на засегнатите лица не е соопштен, се наведува дека им била укажана лекарска помош за повредите.
Исто така, надлежните констатирале дека нередовно работел и барот „Ла Касита Азул“ каде е извршено повеќекратното убиство.
Државното обвинителство започна истрага.
