Седум недели блокада на интернет во Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Интернет блокадата во Иран, наметната од режимот, трае веќе седум недели, објави денес групата за следење на интернет NetBlocks.

„По 1.176 часа, Иран влегува во својот 50-ти ден изолација од светот“, се вели во соопштението.

Ова е најдолгата интернет блокада во Иран досега.

Според NetBlocks, мерката негативно влијае на животите и човековите права на мнозинството Иранци.