Седум Полјаци влегле во воените магацини во Тетово – четворица уапсени, тројца избегале со четирицикли

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Седум полски државјани вчера попладне неовластено влегле во просторот каде што се наоѓаат воените магацини на Армијата, во областа Еребино, во близина на Тетово.

Според полицијата, тие со четирицикли ја оштетиле влезната врата на објектот. Четворица од нив биле задржани од војниците кои биле на стража, додека другите тројца избегале со четирицикли.

Уапсените, на возраст од 36 до 55 години, се осомничени за кривичното дело „Неовластено влегување во воени објекти“, предвидено во член 350 од Кривичниот законик.

Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на другите три лица, а по целосното документирање на случајот се очекува да бидат поднесени соодветни пријави.