Седум рочишта во еден ден за Рамиз Мерко: За „аудито“ одложено, за спомен плочата не се чувствува виновен

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Сведок во овој случај беше и екс министерот за образование, Јетон Шаќири, кој изјави дека не бил известен за именувањето на овие директори на незаконски начин.

Следното рочиште се одржа за набавката на луксузното возилото Ауди А6, во вредност од 67 илјади евра во време кога општината била со блокирана жиро сметка. Рочишетето е презакажено за на 5 март бидејќи некои работи треба да се објаснат. А последното рочиште беше за поставувањето на спомен плочата пред општината на незаконски начин бидејќи таа одлука не е донесена од Општинскиот Совет туку од самиот градоначалник, Рамиз Мерко.

Ваквото обвинение го покренаа поранешниот парламентарен блок на ВМРО-ДПМНЕ, а сведок беше екс советникот на општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека оваа спомен плоча поттикнала меѓуетничка омраза во општина Струга и побарале од г. Рамиз Мерко таа плоча да се отстрани и не се задоволни од одлуката на Министерството за култура за одредување на минимална казна за општината и ништо друго.