Сејдини: Оваа победа ќе се пишува со златни букви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Победата ќе се пишува со златни букви, честитки до овие херои, со овие зборови првиот човек на ФФМ се обрати од граничниот премин Блаце, каде делегација од Владата и новинари ја пречекаа македонската фудбалска репрезентација.

„Јас би сакал да упатам големи честитки до овие херои што ја донесоа оваа победа којашто ќе се пишува со златни букви и што ќе се памети во нашата држава. Исто, благодарност до премиерот и вицепремиерот, како и сите останати што не пречекаа во овие утрински часови. Останаа будни за да им оддадеме чест на нашите херои“, изјави Муамед Сејдини.

Фудбалските јунаци по долг пат пристигнаа дома. Од Тбилиси до Приштина, па до Приштина од Скопје, беше маршутата која се случи поради маглата во главниот град на Македонија. На граничниот премин Блаце имаше дочек од владината експедиција на чело со премиерот Заев, па се обратија главните актери.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

Нашите момци немаат многу време за славје, затоа што уште од утре ќе ја започнат „мисијата“ Естонија и Ерменија, двата последни ривали од втората сезона на Лигата на нации.

Македонија на ЕП 2021 ќе игра во група во Букурешт и Амстердам, а ривали ќе се селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Европскиот шампионат ќе се игра во месец јуни и јули.