Сеќавање на првиот наставник по албански јазик – Дехари: Кичево најубаво ја испраќа пораката за почит кон жената

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пертеф Абази Терепели е првиот наставник по албански јазик во Кичево кој е дојден од Скрапар – Албанија, делегиран од тогашниот министер на  Албанија за да ги наоружа со знаење генерациите од ова место.

По повод 7 март – денот на наставниците, во ОУ „Наим Фрашери„ село Јагол беше отворено спомен катче за овој наставник кој неговиот живот го посвети на образованието во Кичево.

„Секогаш сме се обиделе да го избереме ова место како место кое ќе испрати порака која во основа има аргументи кои зборуваат многу. Денеска овде имаме многу аргументи во ова катче посветено на таткото на ова училиште и таткото на сите наши училишта“, истакна Фатмир Дехари.

Тој работел како наставник до 1972 кога и почина и беше погребан во село Јагол кичевско. Неговите ученици кои се наставници во ова училиште, се потсетуваат на него со тага.

„Ова можеби е малку за неговата работа и треба повеќе да направиме за него“.

Исто така, во текот на денешниот ден, по повод 8 март, Општина Кичево ја одликуваше Сание Садику како прва Албанка на државно ниво, која два последователни мандати ја водеше поранешната општина Осломеј.

Дехари вели дека во општина Кичево жените се присутни во одлучувањето и застапеноста во институциите е еднаква.

„Општина Кичево или нашето опкружување најдобро ја пренесуваат пораката за аспектот на жената во општеството, на мајката, без разлика во семејството или во родовата еднаквост или во политичките процеси и одлучувањето“, додава Фатмир Дехари.

Во текот на овој ден во Кичево се одржаа разни активности по повод 7 и 8 март.