Секогаш перете ги новите алишта пред носење, особено долниот веш – велат стручњаците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според новите истражувања ако облечете нова облека без претходно да ја исперете, своето тело го изложувате на бројни опасност од добивање бактерии, наведуваат стручњаците.

Истражувањето објавено во „Дерм Ревју“, покажало дека дури една третина од луѓето не се решаваат да ги перат новите алишта пред облекување, па дури ни долниот веш.

„Таа навика може да има сериозни последици на здравјето на кожата и да се добијат разни бактериски инфекции“, рече Ели Меклеман, биохемичарка.

Опасност е да се носи и градник а да не се испере претходно, со оглед дека може да биде пробам пред продажба, а продавачите да го допираат со валкани раце.

„Тоа може особено да биде опасно за мајки кои ги дојат своите деца“, рече Меклеман.