Продолжува гужвата кај Чаирчанка на улицата “Цветан Димов“ во Чаир. Секојдневно оваа улица е во ваква состојба. Долги колони, нерегуларности во сообраќајот и автомобили паркирани на тротоарите.
-На улицата “Цветан Димов“ во општина Чаир како што може да се види има гужви во сообраќајот, а граѓаните секој ден се соочуваат со долги колони во сообраќајот-вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили. 
Иако овој проблем трае веќе со години, градоначалникот на општината и денеска вели дека решението е во тек. Според него, улицата ќе се проширува со уривање на околните објекти, чија проценка е во тек.
-На улицата “Цветан Димов“ во тек е проценка на објектите кои со новиот проект и во моментов се врши снимање бидејќи за сите тие објекти подоцна треба да се направи експропријација-изјави Ганиу. 
Инаку решение за густиот сообраќај во овој дел од градот се бетонските прегради кои се поставени. Тие се поставени пред околу 2 години од екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.


