Секој втор ден се пали по еден контејнер во Тетово, пожарникарите апелираат да се внимава, може да се случат големи пожари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првите 20 дена на јануари во Тетово се запалени 10 контејнери за отпад. Значи секој втор ден е запален по еден контејнер. Ваквата појава освен што ја загадува животната средина и ги вознемирува граѓаните. Противпожарната бригада  на Тетово интервенира многу брзо поради тоа што во непосредна близина има автомобили и други објекти.

„Од 1 јануари до денеска ние како противпожарна единица Тетово сме интервенирале во 10 контејнери за отпад во градот Тетово, станува збор за појава која не загрижува бидејќи постои опасност да се запали и некој автомобили или објект.“, вели Ука Алаили.

Од Општина Тетово и Комуналното претпријатие често апелираат овие случаи да се расветлат, да се знае кој ги подметнува пожарите. Годинава во СВР Тетово не е пријавен ниту еден ваков случај. Во текот на 2021 се евидентирани 4 пиромани на контејнери, од кои 3 биле деца.

„Во СВР Тетово во текот на 2021 година се пријаени 5 случаи за палење на контејнери за отпад, казниво дело врз основа на член 288 и 218 од Кривичниот законик. Овие случаи се целосно расветлени и се лишени од слобода 4 лица, од кои 3 малолетници, кои ја презеле одговорноста за палење на контејнерите и за тоа ОЈО Тетово покрена соодветни кривични пријави.“, велат од СВР Тетово.

Од противпожарната единица велат дека некои пожари во контејнерите за отпад се предизвикани и од пепелта која граѓаните ја фрлаат, но има и случаи кога тоа се прави намерно.