Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостува Зијадин Села од Алијанса за Албанците. Тој кажа дека партијата на овие избори имала опција или да се приклучи на еден од двата блока, или воопшто да не учествува на изборите.
„Имајќи во предвид дека судискиот процес за тоа кому припаѓа печатот на партијата Алијанса за Албанците не е завршен, а по се изгледа дека нема да се заврши во законскиот рок, ние нема да можеме да одиме сами на избори. Ни остануваат два избора, или да не учествуваме на изборите, или да се приклучиме на еден од двата формирани албански блокови. Сепак, Централното собрание на партијата ќе одлучи за следните наши чекори“, изјави Села.
