Села: „Апасиев е политички недораснат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На неформалната средба со новинарите, организирана од лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, се разговараше и за блокадата во Собранието за законот за државјанство.

Меѓу другото, Села изјави дека не направил врева околу оваа блокада, бидејќи тие не сакаат да соберат политички поени со законот како партија, пренесува ТВ21.

Во меѓувреме, говорејќи конкретно за водачот на „Левица“, Димитар Апасиев, тој рече дека е „политички недораснат“. 

Ова го појасни покажувајќи ја солидарноста што Апасиев ја направи на пленарната седница, каде што го откри палестинската марама на говорницата, додека, како што додаде Села, следниот ден го блокираше Законот за државјанство.