Села бара гарантирани места во Собрание, Ќоку вели дека не секогаш легитимноста е поврзана со бројките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зијадин Села од Европскиот фронт во Клик плус повторно го покрена прашањето за легитимитетот, при што истакна дека ВРЕДИ нема легитимитет, туку тоа Мицкоски им го дал. Тој рече дека ова прашање треба да се реши што поскоро, додека една од формите може да биде гарантирани местата за албанските пратеници во Собранието.

-Друга форма може да биде и гарантирани места за немакедонските заедници во Собрание според последниот попис каде точно и без никакви дилеми се одразува јасно одлуката на граѓаните, кај вревата која ја прави ВРЕДИ, дека ги немате гласовите на Албанците, ги имате… таа е една од формите, но македонскиот политички фактор треба да ја прифати судбината да има толку гранатирани места во Собрание колку што има во пописот. А тоа е 30 отсто од бројот на населението, вели Зијадин Села од Европски фронт.

Но пратеникот на ВРЕДИ, Беким Ќоку во Дајли Клик изјави дека легитимитетот не е само бројка. Според него легитимноста е поврзана со безбедноста, слободата и независноста.

-Една од причините поради која греши ДУИ е тоа што легитимноста ја гледа само во бројките. Јас велам дека бројките се еден од елементите на легитимноста но не и важен елемент. Доколку земате литература која го третира легитимитетот, во ниту еден дел не се спомуваат бројките, бидејќи доколку сме кај бројките, легитимитет има и Башар Ал Асад во Сирија, Лукашенко во Белорусија, тој во Северна Кореа, значи сите имаат бројки, но тоа не ги прави легитимни бидејќи знаеме како победиле тие луѓе. Легитимноста е поврзана со слободата, независноста, правдата, канализацијата, безбедноста на граѓаните, корупцијата. Можеме да кажеме дека легитимноста е таа што ја прави канализацијата во Зајаз, тој што го решава прашањето за образование во Чашка, изјави Беким Ќоку од ВРЕДИ.

Инаку за прашањето на легитимноста, ЕФ дебатира од формирањето на Владата кога ВРЕДИ стана дел од власта со 14 пратеници, а наспроти ЕФ кој иако имаа 18 пратеници останаа во опозиција.