„Моите лузни на лицето покажуваат што се случи во Собрание пред 4 години. На овој начин премиерот Заев се потсети на 4 годишнината од насилните настани во Собрание кога илјадници демонстранти од иницијативата „За заедничка Македонија“ влегоа во Собрание откако Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието“, истакна премиерот Зоран Заев.
Демонстрантите ги нападнаа пратениците, новинарите, камерманите, фоторепортерите. Во видеото можеше да видиме повредени пратеници облиени со крв.
Најмногу повреден беше пратеникот Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците. За да се потсети на тој ден, Села го посети во затворот во Идризово неговиот спасител Абдулфета Алими. Алими е осуден од судот бидејќи како обезбедување на собранието ги дал клучевите од вратата по наредба на претпоставен.. Меѓутоа Села настојува дека Алими неправедно е во затвор.
„Сметав дека најдобра форма за да се потсетам на 27 април е да дојдам да го посетам Фета. Разговаравме, добро е и силен е. Посетив еден од невините кои се затворени неправедно. Има многу виновници кои се надвор“, рече Села.
Кривичниот суд во Скопје осуди со вкупно 211 година затвор 16 обвинети кои се прогласени за виновни за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Меѓу осудените е и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков осуден на 18 години затвор.
Од сите осудени само Игор Дурловски, екс директор на Опера и Балет, е прогласен за невин, кој пред неколку дена протестираше за ослободување на осудените. Денеска пред Собранието поддржувачите на ова иницијатива побараа да има повторно судење за овој случај.
За организираниот протест за ослободување на напаѓачите во Собрение, Заев рече дека тоа е надвор здравиот разум.
Лошо поминаа дури и новинарите кои ја вршеа нивната работа. Некои со сериозни телесни повреди, а други претрпеа психичко насилства. Новинарите побараа отштета од државата за кршење на правото на слобода и изразување тој ден, но Основниот граѓански суд во Скопје ги отфрли нивните барањата.
