Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на прес конференција пред Собранието истакна дека во моментов најважно е сите, па и пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, да биде безбеден.
Според него, граѓаните мора да бидат безбедни.
„Јас зборувам пред институцијата која треба да зрачи демократија, слобода на мисли, слобода на говор, слобода на одлучување. Треба да зрачи слобода на секој еден. Замислете што се случува со граѓаните, кога во домот на демократијата и слободата ни се случуваат вакви работи“, додаде Села.
