Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска беше примен на прв протоколарен состанок и работен ручек, од неговата екселенција, амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.
Претседателот Села на почетокот на состанокот му честиташе на амбасадорот за добивањето на мандатот амбасадор во Северна Македонија, посакувајќи му успех и просперитет и изразувајќи желба за продолжување на меѓусебната соработка помеѓу Амбасадата на Франција и неговата партија.
Претседателот Села го информираше амбасадорот Бомгартнер за политичкото патување на партијата, предизвиците, придонесот и улогата на оваа партија во интерес на заштитата на интересите на Албанците и државата.
На средбата станало збор и за прашања поврзани со актуелната политичка состојба во земјата по Форумот во Преспа, каде претседателот Села ги искажа своите забелешки и сугестии, потоа унапредувањето на правата на Албанците во земјата, борбата против криминалот и корупцијата, владеењето на правото и правната држава, односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, перспективата на дијалогот меѓу Косово и Србија, членството на земјите од регионот во Европската унија, како и улогата и поддршката на Франција понудена на земјите во ова патување.
Претседателот Села и амбасадорот Бомгартнер се согласија да продолжат со вакви средби и во иднина.
