Во текот на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вечерва се отвори и прашањето за соработката на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Новинарот Лирим Дулови го праша Селa: „Вистина ли е дека Алтернатива е во преговори со Владата за да биде дел од парламентарното мнозинство и дали вие како лидер на АА сте информирани за ова“.
Села на вака поставеното прашање одоговри:
„Ние имаме одлична соработка со Алтернатива. Јас ги информиран и тие ме информирааат за се. Да знам дека има обиди од оваа Влада да ја растурат нашата коалиција, но тоа нема да се случи“, рече Села.
Во „Click Plus“ дебатиравме со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, аналитичарот Бесим Хода и новинарот Лирим Дулови.
