Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска на прес конференција посочи дека пратеникот од редовите на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди не е изманипулиран во однос на потписите за ново парламентарно мнозинство.
Тој додаде и дека пратеникот не е малолетен.
„Кога човек има проблем, тој навистина се труди да најде неосновани изговори и лаги. Никој не е дете, сите знаат дека списокот што е потпишан е потпишан за рушење на Владата“, рече Села.
Претходно, Реџепи во изјава за ТВ21 посочи дека неговиот потпис ќе остане, но под услов да се тргнат потписите на Левица.
„Во никој случај нема да прифатам дека мојот потпис да биде до потписот на оние кои својата политичка кариера ја прошируваат навредувајќи ги Албанците“, истакна Реџепи.
Според него, пратениците биле убедени дека Левица нема да биде дел од ова парламентарно мнозинство.
