Село Бериково се празни – миграцијата го оставила селото со 27 жители!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бериково е планинско село на северозападот на Кичево. Има многу поволна географска позиција и е опколено со високи планини.

Од селото Бериково како и од многу околни села се случила масовна миграција во Турција во 1957 година, како и во Швајцарија, Германија и Америка.

Во селото останале околу 7населени куќи. Според пописот од 2002, селото имало 168 жители Албанци а денес брои само 27 жители.

Според селските гробишта жителите мислат дека ова село постои од 9 век.

Претседателот на месната заедница Љутфи Арифи вели дека иселувањата се случиле поради подобар живот и полека ова село се празни.

Во ова село претходно функционирале два рудника кои сега за жал се надвор од функција.

Низ селото минувал и мал воз кој бил наречен “Киро“ кој од Охрид преку Кичево, Бериково одел до Гостивар, а станицата на смена на возовите била во село Бериково. Тој престанал да сообраќа во 1966.

Од 1977 година до 1980/81 во училиштето во Бериково имало околу 35 ученици и четири наставници. Училиштето функционирало во две смени, а денеска има само еден ученик.