Село Премка со многу проблеми! По два дена остануваат без вода поради РЕК Осломеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како и многу села во Македонија и кичевско Премка има проблеми со чиста вода и инфраструктурата. Некои улици се асфалтирани, а некои не. Патот до влезот од селото е со дупки и тесен и го попречува слободното движење на жителите. Но, друг проблем со кој често се соочуваат е снабдувањето со вода за пиење. Жителите велат дека секогаш кога работи Термоелектраната Осломеј, остануваат без вода со часови, а некогаш и со денови.

„Кога почнува со работа Термоелектраната, нашето село нема вода, значи нема вода 2,3 или 5 часа, понекогаш и ден или два немаме. Зависи колку работи термоелектраната. Ние како селани, заедно со печалбарите имаме проект, но поради Ковид не се собравме да градиме наш базен и самите да се снабдуваме со вода“, изјави Кадри Ајдини.

Од РЕК Осломеј го тврдат истото, но велат дека тоа се случува многу ретко и трае многу кратко бидејќи кога се стабилизира нивото на водата, проблемот се решава.

„Тоа се случува само кога се става во погон термоелектраната. Како резултат на малата количина на водата паѓа и притисокот на вода во село Премка. Тоа се случува ден или два додека да се стабилизира притисокот на водата“, велат од РЕК Осломеј.

Цевката е 20 бари и кога се става во функција термоелектраната притисокот паѓа на 16 бари и тогаш се појавуваат проблеми, велат од ЈП Комуналец.

„Селото е поврзано со истиот резервоар со село Шутово, кое се наоѓа подолу, а горните села остануваат без вода. Тоа се случува ретко и проблемот не трае повеќе од 2 дена“, велат од ЈП Комуналец – Кичево.

Освен со вода, ова село има проблеми и со патиштата и јавно осветлување и инфраструктурата.

„Моментално имаме потреба од 3, 4 или 5 светла на влезот на селото за јавно осветлување, тука кај паркингот и кај населбата подолу“, изјави Кадри Ајдини.

И неколку улици се во лоша состојба, посебно на влезот на селото поради приклучувањето на канализациската мрежа. Жителите велат дека им било ветено дека ќе се асфалтираат улиците и дека ќе се прошири главната улица.