Семејство од Прилеп бара корка леб – мајка со 4 деца останала без храна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Семејството Исмаили од Прилеп во време на пандемија останала без храна. Домаќинката, Дашурије Исмаили, вели дека претходно работеле со тутун, но сега не го работат тоа и собраните пари им се потрошиле. Таа има 4 деца, најстарото дете има 18 години.

„Имам мали деца кои бараат храна, како можете да видите немам ништо, се што имав потрошив“, истакна Дашурије Исмаили.

Нејзиниот сопруг е болен и е хоспитализиран, а за децата се грижи самата.

„Овој вирус навистина ни направи штета, како прво немаме ни храна, ни дрвја за греење, ниту пари. Навистина сме во тешка состојба. Доколку не гледаат хуманитарните организации и секој кој може да ни помогне, колку што имаат можност, да ја поминеме ова тешка состојба во која се наоѓаме“, додаде Исмаили.

Семејството Исмаили изгради куќа со помош на хуманите луѓе пред една година, по прилогот на ТВ21. Ова семејство им се заблагодарува на сите што им помогнаа во изградбата на куќата, но велат дека бараат од хумани луѓе да им подадат рака во ова време на криза за не да останат со празен стомак.

Контакт телефон: 075303288