Семејство од Шипковица бара помош, куќата уништена во пожар, живеат под кирија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овие урнатини припаѓаат на куќата на семејството Рамандани од Шипковица, тетовско. Од снимките може да се забележи дека во оваа куќа нема елементарни услови за живот бидејќи на 3 август 2019 година беше опожарена. Оттогаш па до денеска, Арбен Рамадани и неговото семејство живеат под кирија во Тетово.

„Во моментов живееме под кирија во привана куќа во Тетово заедно со момчињата на чичкото. И тие живеат под кирија од денот кога ни изгоре куќата“, вели Арбен Рамдани.

Во 2019 година, соселаните на Арбен собрале одредена сума пари за да му помогнат, но според Арбен, парите ги потрошиле за за киријата и прехранбени производи. Со одлука на Општинскиот совет на Тетово, во ноември 2019 година, на ова семејство му биле доделени 250 илјади денари, средства кои ова семејство се уште не ги добило.

„Помошта од селаните ја земав, но ја потрошив за киријата на станот и храна за дома, но помошта од општината не. Беше донесена одлука дека ќе ни пуштат пари, но сѐ уште нема ништо“, додава Рамдани.

Арбен вели дека веќе година и пол оди од врата на врата во општината, но залудно.

„Досега немам земено пари. Требаше да добијам 250 илјади денари, односно околу 4 илјади евра. Отидов во општината веднаш откако ми изгоре куќата каде пополнив некои документи. Ни рекоа дека во текот на месецот ќе нѐ исплатат, но немаше ништо. Повторно отиров и речиси година и пол само ми ветуваат, но нема ништо“, вели Рамадани.

Колку е тежок животот под кирија и да ја гледаш куќата во ваква состојба?

„Многу е тешко. 150 евра е само киријата, 60-70 евра струјата, сметките за вода се собираат до 100 евра, а со плата од 300-350 евра не можеш да направиш ништо. Само јас знам како е кога се наближува 20-ти во месецот и кога ќе се соберат сметките за кирија…. Тоа само јас го знам…“, вели Рамдани.

Тој вели дека изградба на нова куќа би бил единствениот спас за ова 11-члено семејство…

„Мојот апел е да можам да имам барем кров над глава, да не живеам веќе под кирија. Би ги замолил големите компании да ни помогнат колку можат, но и ако немаат повторно им благодарам“, вели Рамадани.

Го оставивме Арбен во опожарената куќа со надеж дека еден ден животот под кирија ќе биде минато и дека неговото семејство ќе има свој кров над глава.

КОНТАКТ: АРБЕН РАМАДАНИ
070 867 204

СТОПАНСКА БАНКА
200003739772524