Семејството Фетаху од Тетово бара помош – живеат во сиромаштија, распадната куќа и кров кој прокиснува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Белата куќа пристигна божиќната елка (ФОТО/ВИДЕО)

Во Белата куќа вчера пристигна божиќната елка, што според традицијата е примена од првата дама на САД,...

Маск стана втор најбогат човек во светот

Американскиот претприемач Илон Маск го престигна основачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс и, сега тој е втор...

Мајкрософт гради глобален инженерски центар во Ирска

Американскиот софтверски гигант Мајкрософт објави дека планира да ангажира дополнителни 200 инженери во Ирска и да формира...

Наутро студено и со појава на магла, преку ден сончево со мала локална облачност

Наутро студено и понекаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност...

Дневен хороскоп за среда (25. ноември 2020)

ОВЕН Работа: Размислувате во правец на проширување на работата на странски пазар. Се ангажирате...

Куќа која прокиснува при секој пообилен дожд и ѕидови речиси распаднати. Вака живее 4-членото семејство Фетаху од Тетово. Покрај реката Пена, во населбата Горна чаршија секој ден можете да го видите домаќинот Ружди како седи надвор и ги впива сончевите зраци. Тој чека надворешната топлина барем малку да ги стопли неговите коски, бидејќи куќата во која живее нема елементарни услови за живот. Ѕидовите се секогаш влажни, а се шири и непријатна реа од маглата. Со социјалната помош што ја земаат, семејството Фетаху едвај успеа да го помине месецот.

Ружди Фетаху: 32 години сме тука и многу е лошо бидејќи има многу влага. Барем некој да ми помогне да го средам тоа. Кога врне е уште полошо, ставаме корита, но сепак водата влегува внатре. И кога не врне, ѕидовите се со влага. Принудени сме да ја оставаме вратата отворена бидејќи се шири лоша миризба. Барем некој да може да ни помогне. Не работиме, живееме од социјална помош од 4.900 денари.
ТВ21: Само оваа соба ја имате?
Ружди Фетаху: Имаме уште една, но и таму не можеме да седиме сите четворица. Тука седиме. Нема каде да спиеме, јас со девојчето таму спијам, а момчето и сопругата тука, бидејќи целата куќа е со влага.

Асим, синот на Ружди, вели дека во оваа куќа не може да се живее. Тој се обидува да собира железо, картон и пластични ќесиња за да заработи некоја пара. Се труди да најде сигурна работа, но не успева. Асим вели дека секогаш кога паѓа дожд се во опасност, бидејќи водата допира и до електричната мрежа.

ТВ21: Дали работиш некаде?
Асим Фетаху: Не, не работам никаде. Кога ќе најдам некоја работа сечам дрва, собирам железо, картони, но немам друга работа. И џамијата ми помага. Би сакал градоначалничката на Тетово, Теута Арифи да дојде и да види како живееме и да види како водата влегува во куќата.
ТВ21: Дали стравувате дека куќата може да се урне?
Асим Фетаху: Од другата страна само што не паднал ѕидот, а од оваа страна пак водата влегува внатре. 

Го оставивме семејството Фетаху со надеж дека еден ден и тие ќе имаат сигурен кров над глава. 72-годишниот Ружди вели дека не сака да замине во вечното почивалиште и да ги остави ќерката и синот да живеат во вакви тешки услови.  

.