Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни 40 дена, објавија неколку медиуми.
Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, објавија Си-Ен-Ен и Фокс њуз.
Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а потоа текстот ќе биде доставен до Претставничкиот дом. Доколку Претставничкиот дом ја прифати, предлогот ќе биде испратен до претседателот Доналд Трамп за негов потпис.
Овој чекор напред води кон нормализирање на ситуацијата, со оглед на тоа што функционирањето на воздушниот сообраќај и исплатата на социјална помош сега се нарушени, а стотици илјади вработени се во технички штрајк или работат без плата од 1 октомври.
Реагираше и претседателот Трамп:
„Можеме да кажеме дека се приближуваме кон крајот на блокадата на Владата“, изјави за новинарите претседателот Доналд Трамп.
Според пратениците, договорот треба да овозможи продолжување на исплатите на социјално осигурување за 42 милиони Американци кои беа прекинати поради блокадата на буџетот, враќање на работа на илјадници владини службеници и исплата на плати, како и гласање за продолжување на програмата за здравствено осигурување што истекува на крајот од оваа година.
