Серена Вилијамс се враќа од пензија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТЕНИСКАТА легенда Серена Вилијамс ќе се врати на тенисот на 44-годишна возраст на трева во Квинс Клаб во Лондон овој месец, откако доби вајлд-карта за турнирот во двојки. 23-кратната шампионка на Гренд Слем последен пат играше на ВТА турнејата во септември 2022 година, кога се повлече од професионалниот тенис по поразот во третото коло на Отвореното првенство на САД.

„Квинс Клаб се чувствува како совршено место за почеток на ова следно поглавје. Тревата ми овозможи некои од најзначајните моменти во кариерата и возбудена сум што се враќам да се натпреварувам на една од најпрестижните сцени во спортот“, рече Вилијамс.

Новак Ѓоковиќ во март изјави дека Вилијамс би можела да се насочи кон Вимблдон за враќање, додека нејзиниот поранешен тренер Рик Мачи рече дека таа „дава сѐ од себе“ на тренинг за да се врати во спортот во кој доминираше две децении заедно со нејзината сестра Венус, седумкратна победничка на Гренд Слем. Венус, 15 месеци постара од Серена, сè уште игра и се натпреваруваше на Отвореното првенство на Австралија во јануари, со вајлд-карта.