Серија на моќни земјотреси во Средна и Јужна Америка: 5,9 степени во Костарика и 5,7 во Аргентина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Серија на земјотреси ноќеска се случиле на тлото на Средна и на Јужна Америка.

Првиот земјотрес беше во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха со јачина од 5,7 степени. Епицентарот се наоѓал приближно 188 километри северозападно од градот Сан Луис, дом на околу 183.000 жители. 

Шест минути подоцна се случил моќен земјотрес во Костарика, во провинцијата Сан Хозе со јачина од 5,9 степени. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот се случил во вторник, 21 октомври 2025 година, во 21:57 часот по локално време.