Серија на земјотреси во близина на Неапол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Подрачјето на Неапол беше потресено од земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтер. Италијанските медиуми јавуваат дека силен земјотрес со магнитуда од 4,4 степени е регистриран денес во 12:07 часот, со епицентар во морето, пред пристаништето Поцуоли. Се претпоставува дека земјотресот се случил на длабочина од три километри.

Овој земјотрес со јачина од 4,4 степени е втор најсилен некогаш регистриран во Кампи Флегреи после оној на 13 март, кога јачината беше 4,6 степени.

Ова е прв пат толку силен земјотрес да се случи среде ден, додека училиштата и канцелариите беа отворени. На улиците владееше паника, родителите брзаа да ги земат своите деца од училиштата. Беа евакуирани и некои факултети во областа, а голем број од жителите се на улица поради страв од нови потреси.

Неколку минути после тој силен удар, беа регистрирани два помали земјотреси.