Северна Кореја истрела неидентификувани крстосувачки ракети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Кореја денеска истрела неидентификувани крстосувачки ракети во морето, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетите биле забележани во близина на севернокорејската источна провинција Јужен Хамгјонг и „биле истрелани кон Јапонското Море“, се вели во соопштението.

На 8 мај, Северна Кореја истрела балистички ракети со краток дострел кон Јапонското Море.

Според некои експерти, можно е да се работи за тест на оружје наменето за Русија.