Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети со краток дострел кон нејзиниот источен брег во средата, соопштија Јужна Кореја и Јапонија, неколку дена откако Пјонгјанг откри постројка за збогатување ураниум и вети дека ќе го зајакне својот нуклеарен арсенал.
Ракетите биле лансирани од Каечон, северно од главниот град Пјонгјанг, околу 6:50 часот по локално време во североисточен правец и прелетале околу 400 километри, изјави началникот на Здружениот штаб на Јужна Кореја (JCS), без да прецизира колку се испукани или каде паднале.
„Силно го осудуваме лансирањето на ракетата од Северна Кореја како јасна провокација која сериозно ги загрозува мирот и стабилноста на Кореја“, се вели во соопштението.
Околу 30 минути по првичното известување за ракетата, јапонската крајбрежна стража соопшти дека Северна Кореја истрелала уште една балистичка ракета.
