Северна Кореја тестираше нова противавионска ракета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Северна Кореја соопшти дека во четвртокот навечер тестирала нова противавионска ракета, што е четврто тестирање за помалку од еден месец.

Најновото тестирање дошло неколку дена откако Северна Кореја тетираше нова хиперсонична ракета за која се верува дека има нуклеарна способност.

Американскиот државен секретар Ентони Блинен рече дека тестирањата „создаваат поголема можност за нестабилност и несигурност“, пренесува Би-Би-Си.

Пјонгјанг одговори дека нивното оружје е потребно за самоодбрана, обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја за „двојни аршини“.

Фото: Архива