„Северна Македонија има најевтини горива“ – Возењето автомобили станува луксуз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бензинот поскап за 1 денар, а дизелот за  0,5 денари од денеска. За неполни два месеци бензинот поскапел за 9 денари, а дизелот за 10 денари. Па така, моменталните малопродажни цени на горивата се:

Од денеска нови цени на горивата

  • „Еурсупер БС-98“  84 денари за литар
  • „Еуросупер БС-95“ 82 денари за литар
  • Еуродизел“  74 денари за 1 литар

Поскапување на цената на нафтените деривати на 13-ти декември 2021:

  • Моторен бензин еуросупер БС – 98         75,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво еуродизел БС  95(Д-Е V)    64,50 (денари/литар)
  • Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   64,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 40,053 (денари/килограм)

Поскапување на цените на нафтените деривати на 28 -ми декември

  • литар 98-октански бензин              75.50 денари
  • литар 95-октански бензин             73.50 денари
  • литар ЕУРОДИЗЕЛ горивото        64 денари

Цени на нафтените деривати од 8-ми февруари

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98        83,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95        81,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       73,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    73,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм)

Цени на горивата во регионот:

Еве, што велат за новото поскапување потрошувачите:

„Да, треба да се замрзнат. Порано ако сте ставале за 1000 ден. и сте возеле две недели сега колку време возите со истото гориво? Сега пет дена. Да, помалку дека и клима користам“.

„Секако дека треба да се замрзнат затоа што нема крај на ова поскапување. А   луѓето во земјава тукуречи сите се социјалци веќе па редно се државата да ги замрзне цените. На што возите вие, го чувствувате ли поскапувањето? Јас возам на плин и на бензин. Имам едно евтино возило и не можам да го возам дека немам пари, имам Југо лежи“.  

Србија и Хрватска веќе ги замрзнаа цените на горивата. Во Србија литар дизел чини 1,52 евра а за бензинот 1,45 евра. Во Хрватска пак, цената на евросупер чини 1,51 евро, а литар дизел 1,50 евра.

„За разлика од држави во кои пазарот на нафтени деривати е целосно либерализиран, што значи трговците сами ги утврдуваат цените на нафтените деривати, кај нас постои регулација. Согласно Законот одлука за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт врз основа на Методологија за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати“, велат од Владата.

Постои ли можност да се намалат акцизите на нафтените деривати, а со тоа и крајните цени?

„Согласно оваа методологија Северна Македонија има најефтини горива. Сите нафтени деривати во Северна Македонија се од увоз и истите зависат од движењата на цената на светските берзи. Владата уште во јули лани донесе одлука за укинување на дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните плаќаат два денари пониска цена“, додаваат од Владата.

Со измените што се направени во Законот за акцизите во април минатата година  сметаат тие дека сме осигурени дека нема да има  висок раст на цените на горивата, така што ставиле варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза.

Според законското решение дополнителната акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон. Кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство е предвидено дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светската берза е меѓу 400 и 600 долари за тон и доколку цената на светската берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари објаснуваат од Влада.