Аналитичарот Алберт Муслиу во Клик Плус на ТВ21 истакна дека земјава се наоѓа во блокирана ситуација.
„Дали има блокада овде? Апсолутно во блокада и тоа е ме загрижува, а не кој се избира заменик министер, кој се избира директор, тоа е секојдневна работа. Каде не носи овој разговор? Ова нè доведува до самата блокада, сега сме на автостоп.“, рече Муслиу.
Од друга перспектива, политичкиот аналитичар Емир Хасановиќ сугерира дека главниот проблем е немањето здрав политички амбиент во државата и неактивна вклученост на партиите СДСМ и ДУИ во консултативниот процес.
-Прво мора да се смени амбиентот во државата, најголемиот проблем не е ставот на ВМРО, туку најголемиот проблем е отсуството на СДСМ и ДУИ, во консултативен аспект каде што тие даваат алтернатива, во аспект кога имаат за цел да промовираме друг аспект и друга перспектива на ова прашање.-вели Хасановиќ.
Во меѓувреме, Фатон Халили смета дека ВМРО и покрај тоа што има мнозинство гласови нема да ги спроведе уставните измени, додека според него, виновна е албанската политика.
-ВМРО заедно со оваа коалиција што ја спомнавте, колку и да има гласови, 80, 90, па и 100, веројатно нема да може да ги спроведе уставните измени, нема да може да ги спроведе ниту со албанскиот фактори или без албанскиот фактор, . Албанскиот политички фактор нема тежина! Кој е најголем виновник? Самите ние, албанската политика!-кажа Халили.
Инаку, блокирањето на уставните измени се случува бидејќи премиерот Мицкоски се сомнева дека тоа нема да биде последно барање за членство на РСМ во ЕУ.
