Москва ќе се согласи за посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија, но сè уште е прерано да се зборува за точните датуми, според рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко.
„Потврдувам дека претседателот на Северна Кореја има покана од претседателот на Русија, Владимир Путин, да ја посети Русија во официјална посета и се надеваме дека ќе се договориме за времето и агендата на тие разговори преку дипломатски канали“, изјави Руденко за „Рија Новости“.
Тој додаде дека сè уште е прерано да се зборува за конкретни датуми, но дека Москва очекува посетата да се реализира.
