Исен Шабани заедно со претседателот на АА Арбен Таравари дојде во Гостивар на собранието на партијата. Шабани уште кога ја објави својата независна кандидатура за уште еден мандат за градоначалник на Врапчиште, најави дека ќе се раздели од Зијадин Села.
Денеска ги реши сите дилеми.
-Гледаме дека Алијанса е тука и заедно треба да ја направиме едно. Јас разговарав со огранокот во Врапчиште, сите се подготвени за тие дилеми кои јас ги пријавив. Денеска собрав храброст и се договоривме да ги отстраниме сите дилеми и продолжуваме со тоа што Алијансата ќе биде уште пообединета, изјави Исен Шабани, АА.
Таравари рече дека најверојатно Шабани ќе биде кандидат на АА за градоначалник на Врапчиште.
-Исен Шабани ја објави својата независна кандидатура и денеска ќе се знае. Најверојатно Исен Шабани ќе биде кандидат на АА, изјави Арбен Таравари, АА.
Шабани беше пречекан со аплауз од членството кое му посака добредојде.
Инаку, кога се случи поделбата на АА, Села отиде на една страна, а Таравари на друга. Шабани застана на страната на Села како потпретседател на партијата, но се чини дека се пишманил, па сега се позиционираше на страната на Таравари.
