Серијата „Дамбин Гамбит“ во продукција на куќата „Нефтликс“, се стекна со голема популарност во 2020 година, и го вратила шахот на големата сцена.
Сепак, славната шахистка Нона Гаприндашвили (80) ќе поднесе тужба против компанијата, затоа што на серијата се појавува нејзиниот лик.
Во еден момент за Гаприндашвили се вели:
„Ова е Нона Гаприндашвили, и таа е светски женски шампион и никогаш не играла против мажи“.
Нона истакнува дека оваа реченица е погрешна, и дека поттикнува деградирање на нејзините постигнувања пред милионската публика, и така Нона ќе бара отштета од дури 5 милиони долари.
Гаприндашвили во 1978 година доби огромна чест затоа што е прва жена која стана велемајстор.
