Шахпаска: Состојбата во градинките е добра и е под контрола, не размислуваме за нивно затворање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната прес конференција посочи дека состојбата во градинките е добра и под контрола.

Таа додава дека не се размислува за нивно затворање.

Имено, од почетокот на пандемијата до минатата недела има 26 деца и 83 вработени заразени, а во последната недела се регистрирани уште 9 деца и 40 вработени.

Во моментов во изолација се 482 деца и 77 возрасни лица.

Сите се добра клиничка слика освен едно дете и една воспитувачка.

Капацитетот во градинките изнесува 20.718, а посетуваат 10.700 деца.