Шампионот на Австралија опен го пропушта Ролан Гарос

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вториот на светската ранг-листа во тенис Јаник Синер речиси сигурно ќе го пропушти турнирот Ролан Гарос, пренесува печатот во Италија, пишува SPORTM.mk

Според Гаџета дело Спорт, 22-годишниот Синер сè уште не се опоравил од повредата на колкот и нема да добие медицински одобрение за учество. Иако повредата не е сериозна, советот на медицинскиот штаб на Италијанецот е тој да ја пропушти трката во Париз бидејќи ризикува да ја искомплицира.

Синер моментално се наоѓа во Торино, каде е на лекување во специјализирана клиника. Тој треба да заврши во среда, по што Синер и неговиот персонал треба да одлучат како да продолжат понатаму. Поради повредата, тој не игра ниту на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим кој е во тек.

Цинер веќе го освои Австралија Опен во јануари и е во одлична позиција да ја предводи светската ранг-листа дури и ако не игра на Отвореното првенство на Франција. Ова ќе стане факт доколку Новак Ѓоковиќ не стигне до финалето во Париз каде треба да ја одбрани титулата и 2000 бодови.

Турнирот Ролан Гарос започнува на 26 мај.