Со дупки на секој агол патот кој води до викенд населбата на Шар планина во Тетово. Снимките покажуваат дека овде не е инвестирано одамна а другите улици од оваа населба која е проширена последниве години, останале неасфалтирани. Жителите велат дека изградбата на овој пат е неисполнето предизборно ветување.
„Пред избори ветувања многу, но работата воопшто не е завршена. Најлошото е што од ѓубре не може да се помине, шутот го фрлаат и тие треба да се казнат. Инаку околината е многу убава, за улиците не е направено ништо, особено Шар планина е заборавена, секоја година ветуваат а ништо не се прави“
Состојбата со патот е катастрофална. Туристите кога ќе видат како е, не доаѓаат. Јас се чудам со луѓето со добри автомобили и доаѓаат тука. Се собравме и ќе протестираме во центар бидејќи срамота е ова туристичко место да се запушти вака, сите ни се смеат.
Од општина Тетово велат дека проектот за улицата кон викенд населбата е во завршна фаза.
„Што се однесува до прашањето “Шар планина“ веќе има проект и е во завршна фаза документацијата, а е направен проект за поставување контејнери и механизми за чистење на истите, овој проект ќе го реализира ЈКП Тетово со средства од Светска банка“, велат од општина Тетово.
Од друга страна, од иницијативата “Да ја спасиме Шар планина“ велат дека општината не го реализира проектот бидејќи е фокусирана на инвестиции за тие делови од градот од каде што добива гласови.
„Има соодветен проект за тој пат и општина Тетово треба да се повика на тој проект и да го реализира и за тоа се оправдуваат дека немаат гласачи и не можат да инвестираат и инвестициите се прават таму каде што се добиваат гласови и во градот не ги реализираат, каде што добиваат гласови.“, рече Хамди Сулејмани од „да ја спасиме Шар Планина“.
Покрај проблемот со патот кој води до најубавите места на Шар планина создадена е и депонија со најразличен отпад.
