Шефот на кабинетот на украинскиот лидер Михаил Подољак изјави дека Киев нема да се извини за кавгата меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
„Зеленски формално беше целосно во право и кога станува збор за содржината, на американските партнери се обидуваше да им го објасни клучното – дека ништо не може да се постигне без притисок врз Русија“, посочи Подољак.
Тој исто така рече дека не е можно да се постигне позитивен резултат ако сметате „исклучиво на добрата волја на Москва“.
„Така нема да се извинуваме за потенцијална грешка, која не ни постоела“, заклучи Подољак.
Да потсетиме, Володимир Зеленски на 28 февруари се сретна со Трамп во Белата куќа. За време на разговорот во присуство на новинари дојде до расправија при што Трамп му посочи на Зеленски дека не ги почитува Соединетите Американски Држави, а потпретседателот Џеј-Ди Венс истакна дека Зеленски заборавил да му се заблагодари на Вашингтон за поддршката што му ја дава на Киев.
Прес-конференцијата по нивната средба беше откажана, а договорот за минерали меѓу Украина и САД не беше потпишан, пренесува Спутник.
После тоа, Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека Зеленски покажал непочитување и неподготвеност да го реши украинскиот конфликт по мирен пат.
