Шекеринска: Избори што поскоро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана и носител на кандиндатска листа во ИЕ 5, Радмила Шекеринска, изјави дека изборите мора да се случат што поскоро, за државата да добие функционален парламент.

„Денеска на средба со регионалниот изборен штаб и кандидатите за пратеници во изборната единица 5 донесовме заклучок дека ни се потребни избори час поскоро, во првиот можен рок.

Согласно прогласената нова вонредна од 2 недели, и согласно законските рокови, 5 јули е точниот датум кога ќе се одржат изборите.

Навлегувањето во други датуми по 5 јули носи опасност да се загрози гласачкото право на граѓаните, бидејќи ќе го спротивстави со правото на одмор. 

Ние не смееме да си дозволиме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови.

На ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето.Но, и обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните и несфатлици идеи изборите да се организираат среде лето.

Во исто време, опасна и неразумна е идејата изборите да бидат наесен. Како општество, како одговорни поедници, не смееме да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент“, рече Шекеринска.