Шекеринска: Ковачки ем лажго, ем плачко – Офицерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ најави тужба за министерката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Срамно е и несериозно е однесувањето на полковникот Драган Ковачки, кој е и член на Извршниот комитет во ВМРО-ДПМНЕ, смета Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, коментирајќи ја неговата најава дека ќе тужи бидејќи е казнет од плата.

„Да реагирав на Твитер ќе кажев ем лажго – ем плачко. Навистина срамно е кога офицер упатува закани на било кој, а особено против началник на Генералштаб. Особено кога тие закани го претставуваат Ковачки во вистинска слика како партиски војник. Да пишете долга е раката на ВМРО од еден старешина на друг старешина би било срамно и на пониско ниво, а камоли на еден полковник и началник.  Полковникот Ковачки очигледно има проблем да реши дали ќе ја носи и партиската униформа со која дава закани или ќе продолчи да ја носи воената униформа“, истакна Шекеринска.

И покрај тоа шТо главната военодисциплинска комисија предложила најстрога дисциплинска мерка – губење чин, која предвидува и престанок на работниот однос,  Шекеринска вели дека Ковачки добил последна опомена и казна со 30 проценти од плата во траење од шест месеци. ТВ 21 стапи во контакт и со втората засегната страна. Ковачки ја обвини Шекеринска дека повторно манипулира и дека објавува детали од интерни армиски постапки.

„Шекеринска ја дефокусира и манипулира македонсаката јавност. Таа треба да одговори како може со чиновничка плата да се купи куќа со огромна сума, а по багателна цена. Јас сеуште немам примено никакво решение од медиумите дознав за што се работи и факт е дека се работи за една исплашеност од госпошата Шекеринска и затоа на овој начин пробува да ме дискридитира во јавноста“, посочи Драган Ковачки.

Началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски изрази остра осуда за сите закани кои неговиот потчинет ги упатил кон него.

„Јас како началник нема да дозволам по никаква цена Армијата да биде втурната во било какви партиски пресметки и настани. Горд сум што ја предводам Армијата на Република Северна Македонија која има највисок рејтинг во општеството и секако ќе продолжам да ги спроведувам обврските и задолженијата, како патриотски долг и како обврска кон граѓаните и кон земјата. Апсолутно нема да толерирам такви однесувања на било кого и од било кого оправдани и поддржани. Ја користам оваа прилика да повикам темелна анализа да направат сите кои сметаат поинаку или го оправдуваат или го поддржуваат конкретното лице“, додава Васко Ѓурчиновски.

Генералот Ѓурчиновски упати порака до Ковачки дека треба да биде среќен што не ја загубил работата и му препорача да се пронајде во системот каде што функционираат јасни и конкретни принципи.