Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, е во Лисабон каде престојува во прва официјална посета на наш министер за одбрана на Португалија во изминатите 30 години.
Порача дека бројните успешни средби на министерско и армиско ниво, отворија пат кон одбранбени односи и поголема политичка соработка помеѓу двете земји.
Шекеринска истакна дека веќе е иницирано потпишување на Договор за одбранбена соработка и дека првите чекори кон интензивирање на меѓусебните одбранбени односи ќе бидат заедничките вежби помеѓу специјалните сили и во доменот на сајбер – одбраната.
„Португалија беше една од земјите членки на НАТО која прва ги започна процесите на ратификација на нашиот НАТО договор што беше гест на голема пријателска поддршка и шанса за збогатување на нашата билатерална одбранбена соработка. Затоа и разговаравме како да ги збогатиме одбранбените односи и како да поставиме шанса и за поголема политичка соработка помеѓу нашите две земји“, истакна Радмила Шекеринска.
