Без Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, повеќе од 6 часа беа корисниците на овие мрежи. Како поминаа граѓаните без нивно користење и дали се зависни од нив ги прашавме минувачите на скопскиот плоштад.
Откако Фејсбук беше вратен во функција, корисниците имаа разни шеги. Меѓу нив „Вчера дознав дека дома имам 2 деца, фала ФБ“, “Подобро да умрам отколку без Фејсбук“, “Те викавме кога се врати Фејсбук и Инстаграм, но ти не стануваше“!
Менаџерот на Фејсбук за администрација и системи на чување на база на податоци, на интернет страната на компанијата напиша дека прекинот беше поради погрешна конфигурација. Основачот на социјалната мрежа, Марк Зукенберг, им се извини на корисниците за прекинот.
„Фејсбук, Инстаграм, Варсап и Месенџер сега се онлајн. Се извинуваме за прекинот. Знам колку се потпирате на нашите услуги за да останете поврзани со луѓето кои се грижат.“, напиша Зукенберг.
Неколку технолошки компании, вклучувајќи ги и Редит и Твитер, се пошегуваа со тешкотиите со кои се соочи гигантот на социјалните мрежи. „Поздрав до сите“ напиша Твитер со иронија. Ова предизвика многу смешни реакции, а и веб -страницата на компанијата за брза храна, Мекдоналдс, беше вклучена во дебатата. Твитер побара од Мекдоналс 59,6 милиони „нагетс“, парчиња месо, за своите корисници. Пишуваа и познати личности, а меѓу нив и Адел.
Инаку, во светот повеќе од 3,5 милиони луѓе користат Фејсбук, Месенџер, Инстаграм и Ватсап. Овој прекин го чинеше околу 6 милиони долари основачот на Фејсбук. Ваков прекин имаше и во 2019 година, каде што повеќе од 14 часа Фејсбук беше надвор од функција.
