Шест години бренд број 1 за секој дом!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уредете дом за среќно семејство!

Веќе 6 години, исполнувајќи го ветувањето за максимален квалитет и удобност, Comodita Home продолжува да ви ги носи најубавите вести и производи за вашиот дом од соништата.

Домот е место во кое поминуваме многу време и секој ден создаваме сѐ поцврста емотивна врска со секое катче од него. Затоа во центарот на изборот на секој производ што Comodita Home им го нуди на клиентите е чувството на удобност.

Во домот ги поминуваме ноќите уште од раѓањето, а брендот број 1 за производи за домот Comodita Home се потруди да ви овозможи релаксиран сон од кој ќе се разбудите полни со енергија. Изборот на душеците „Comodita“ се движи од бебешки душеци во различни видови како Dream, Panda, Toy, па се до различен избор на душеци за возрасни. Душеци со различна цврстина како Silver и Dream, потоа душеци со мемори пена кој се прилагодуваат на обликот на телото како душекот Comodita Memory, па се до најексклузивниот душек Hybrid составен од многу различни слоеви, при што посебно се издвојуваат индивидуалните пружини и мемори пената. За 6-годишнината од постоењето на Comodita Home, сите душеци имаат специјални попусти и доаѓааат со подароци.

Но, само душекот не е доволен за да се чувствуваме пријатно и релаксирано. Чувството на мекост при допирот нѐ релаксира додека се одмораме во нашиот дом. Извонредните постелнини, перници и меки јоргани, плишани ќебиња и прекривки од најсофистицирани материјали, уште повеќе го надополнуваат совршенството на душеците Comodita во вашиот кревет.

Кујната е срцето на куќата. Ритуалите при појадокот, ручекот и вечерата никогаш не се здодевни кога сме со најсаканите. Приготвувајте го секој оброк со љубов во садовите со највисок квалитет, како што се тенџерињата 5ply Bond, Bio Diamond, Granitec, но и различните италијански садови Moneta, изработени од материјали што не се лепат, не се гребат и не дозволуваат храната да загори.  Исто така, Comodita ви помага да ја совладате уметноста на сервирање нудејќи различни производи, како што се сетови чинии, лажици, чаши, ножеви, филџани, чаши за чај и многу други производи за сервирање кои имаат голем попуст само за шестиот роденден на овој бренд.

Comodita Home е основана во март 2015 година. Оттогаш, вработените, чиј број постојано се зголемува, се грижат на своите клиенти да им овозможат стил на живеење во кој преовладуваат чувството на удобност во домот. Производите Comodita се со висок квалитет бидејќи Comodita Home го става задоволството на купувачите на прво место, за што се грижи целиот персонал на асистенти за продажба.

Со текот на годините, Comodita Home подготви и реализираше бројни привлечни кампањи со кои дополнително ја зацврсти врската со своите потрошувачи и кои ја издвојуваат како лидер во својата индустрија.

Во изминатите шест години, Comodita Home отвори 27 продавници во Косово, 17 во Албанија и 15 во Македонија. Исто така, овој бренд нуди можност за купување преку Интернет преку веб-страницата www.comoditahome.mk, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, контакт центарот 0800 10 5 10, како и преку најатрактивната продажна емисија Comodita Tv Shop со бесплатна достава на производите до домовите на купувачите.

За 6-годишнината, Comodita Home на своите потрошувачи им нуди попуст до 70% во сите категории производи, со најголема понуда од над 600 производи, неверојатна можност што не смее да се пропушти за да се искористат најдобрите цени. Исто така, во Comodita Home ве очекуваат многу изненадувања, понуди и подароци во сите продажни канали.

Успесите нема да запрат ниту во иднина, бидејќи Comodita Home ќе понуди многу нови производи, а наскоро ќе отвори нови продавници во регионот и во европските земји.

За 6 години изградивме уникатен стил на живот, со брендот број 1 за секој дом!