Шест хрватски државјани кои поради коронавирусот останаа на јапонскиот крузер не се заразени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест хрватски државјани кои засега се во карантин на јапонскиот крузер „Princess Cruises“ се згрижени и не се наоѓаат на листата заразени од коронавирус, известува организаторот на патувањето.

Тој додава дека сите патници се опремени со храна, пијалок, лекови и други потребни работи.

На патниците исто така им е обезбедена врска на интернет и телефон со цел да останат во контакт со своите најблиски.

Медицинските лица во вторникот започнале преглед на 3700 патници и членови на екипажот поради откриениот вирус кај маж кој во јануари во Хонг Конг се симнал од бродот.

Засега се прегледани помалку од 300 лица, а потврдени се 20 случаи на заразени со коронавирус.

На листата заболени се државјани на Јапонија, Австралија, Филипини и три лица од Хонг Конг.

Бродот застанал во близина на Јокохама за да обезбедат храна и да ги симне болните патници.

Операцијата на симнување ја следеле јаки мерки на обезбедување, а здравствените работници ги дочекале пациентите во заштитна облека која ги покривала од глава до нозе, со маска на лицето и капа на главата.