Шест лица повредени во пукотница во Балтимор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест лица, меѓу кои и петгодишно девојче, се ранети во масовно пукање што се случи во станбен комплекс во Балтимор, соопшти локалната полиција.

Пукањето се случило околу 21 часот по локално време во саботата навечер, кога непознато лице отворило оган врз луѓе кои се собрале на отворено за да вечераат заедно, изјави комесарот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли, на вонредна прес-конференција, пренесува ABC News.

Петгодишното девојче било застрелано во раката, но, како што нагласи Ворли, повредата не е опасна по живот.

Најтешко повреден е 38-годишен маж кој е во критична состојба, додека другите повредени се 23-годишна жена и тројца мажи на возраст од 32, 33 и 52 години.

„Во моментов имаме многу малку информации. Се што знаеме е дека се испукани повеќе истрели и дека има повеќе жртви“, рече Ворли.

Според него, присутните биле собрани пред куќата и вечерале кога, како што се претпоставува, непознато лице одеднаш отворило оган.