Шилегов: Очекувам победа во првиот круг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов денеска, по остварувањето на своето право на глас, истакна дека очекува победа уште во првиот круг.

„Денес е празник за демократијата во Македонија и празник за демократијата во Скопје и скопските општини. Денес заедно со моето семејство го исполнивме своето граѓанска должност и обврска да го дадеме својот глас. Имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекувам и се надевам дека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, впрочем онака како што заслужуваат сите граѓани на Република Северна Македонија. Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите четири години. Континуитетот за развој на Скопје е извесен и тоа е она што граѓаните ќе го изберат на овие избори“, кажа актуелниот градоначалник Шилегов.